Детроит пистонс – Кливленд кавалирс (кошарка, НБА, 01.00 часот)
Детроит вчера го победи Кливленд со 115-113, па сега Коњаниците имаат шанса да се реваншираат, но Клиповите овојпат се домаќини и важат за фаворити на хартија. Двата тима имаат голем број повредени играчи, особено Пистонс е осакатен, но Детроит има и мотиви, се бори за место во плејофот. Кливленд има пет порази по ред, уште не знае за триумф во 2020 година. Детроит дома има четири победи по ред против Кавалирс и паѓаа 113 или повеќе поени.
Предлог тип: <219.5 (1.87)
Филаделфија 76 ерс – Бостон селтикс (кошарка, НБА, 01.00 часот)
Најголем проблем за домашните ќе биде неиграњето на центарот Ембид. Без него, Филаделфија сезонава има 3-4. Сиксерс дома има 17-2, а Бостон доаѓа во „градот на братската љубов“ по фрустрирачкиот пораз од Сан Антонио. Најголем проблем за Селтикс во претходните два меча беше лошиот влез. Ако ја научиле лекцијата, вечерва ќе треба да почнат цврсто и затоа ќе прогнозираме дека ќе ја добијат првата четвртина. Бостон сезонава има 0-2 против Филаделфија.
Предлог тип: 2 во Q1 (2.00)
Оклахома Сити тандер – Хјустон рокетс (кошарка, НБА, 03.30 часот)
Ова е меч на кој во центарот на вниманието ќе биде Расел Вестбрук, кој првпат во дресот на Рокетс ќе гостува во градот во кој се прослави пред летово да направи трансфер во Хјустон. Вестбрук 11 сезони играше за Тандер, од 2017 до 2019 беше нивен главен играч. За разлика од случајот со Кевин Дурант, кој беше гласно исвиркан, Вестбрук би требало да добие аплаузи и благодарност од Тандер кои подготвија специјално видео. И Тандер и Рокетс се во добра форма.
Предлог тип: Расел Вестбрук >23.5 (1.85)
Њујорк ренџерс – Њу Џерси девилс (хокеј, НХЛ, 01.00 часот)
Ќе биде интересно на соседското дерби. Двата тима се далеку од плејофот во моментов. Ренџерс на последните три домашни натпревари даваше по пет гола и победуваше, но Ѓаволите се многу незгодни гости, а на 3 јануари победија и во Њујорк, кај Ајлендерс, кој е подобар од Ренџерс. И традицијата на нивните дуели во „Медисон сквер гарден“ најавува барем шест голови.
Предлог тип: >5.50 (1.65)
Анахајм дакс – Далас старс (хокеј, НХЛ, 04.00 часот)
Тука типуваме победа на гостите, затоа што се во одлична форма, за разлика од Патките. Анахајм доби само еден од последните пет меча, додека Далас има пет победи едноподруго. Старс е без суспендираниот Пери, има напорен распоред и серија гостувања периодов, но ако некогаш има шанса да ја прекине црната низа од шест порази по ред на гостувањата во Анахајм, тоа е вечерва. Далас речиси пет години чека на победа во „Хонда центарот“.
Предлог тип: 2 (2.20)