18.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Вестбрук сакаше да се тепа со Никола Јокиќ (Видео)

Расел Вестбрук не можеше да го прифати поразот на Оклахома на гостувањето кај Денвер, па пред крајот од средбата сакаше дури и да се тепа. Се играше последната минута кога по едно судиско потфрлање, Вестбрук најпрво го оттурна Џемал Мари. На таквата реакција на гостинскиот играч реагираа домаќините, а Јокиќ се најде во близина на Вестбрук, кој потоа се нафрли и на Србинот.

Започнаа вербални навреди, а Вестбрук му се закануваше на Јокиќ дека ќе го истепа. Најдобриот играч на Денвер прилично смирено го гледаше противникот кој беше немоќен на теренот. Јокиќ е најзаслужен за победата на Денвер постигнувајќи 24 поени, 15 скока и девет асистенции.

Прашање е дали и да му беше дозволено на Вестбрук да се доближи до Јокиќ, ќе успееше да го истепа или тој ќе го добиеше „подебелиот стап“.

 

- Оглас -

Најнови вести