8.8 C
Skopje
сабота, 3 јануари 2026

Вестбрук стана најефикасен плеј во историјата, „Брончиќ“ му носи победа на Лејкерс

Расел Вестбрук со своите 17 поени во убедливиот пораз на Сакраменто од Феникс од 102-129, го надмина славниот Оскар Робертсон и со 26.711 поени во кариерата стана најдобар стрелец меѓу плејмејкерите во историјата на НБА лигата.

Вестбрук сега е 15-ти на вечната листа, а од 14-мината кои се пред него, има само тројца бекови шутери и тоа Коби Брајант, Мајкл Џордан и Џејмс Харден, сите други се центри или крила. Популарниот Рас е лидер во историјата и според бројот на направени трипл-дабли, а има и најмногу скокови меѓу бековите.

Најинтересниот меч синоќа се одигра во Милвоки, каде Јанис Адетокумбо со забивање на 4,7 секунди до крајот му донесе победа на Бакс над Шарлот од 122-121.

Оклахома Сити тандер го разби Голден стејт со 131-94 и стана првиот тим со 30 победи сезонава. Тандер има и пет порази, и останува на патот регуларната сезона да ја заврши со 70 или повеќе триумфи, нешто што досега во историјата на НБА се случило само двапати.

Лука Дончиќ со 34 и Леброн Џејмс со 31 поен беа творци на победата на Лос Анџелес лејкерс над Мемфис од 128-121, па во американските медиуми на овој пеколен тандем му дадоа прекар „Брончиќ“.

На мечот во кој Чикаго го совлада Орландо со 121-114, беше видено веројатно најатрактивното забивање сезонава во изведба на Матас Бузелис. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести