Во јуни 2019 година Англија и Холандија ги одмерија силите во полуфиналето од Лигата на нации, а Лалињата во продолженијата славеа со 3-1. По тој меч, на популарната социјална мрежа „Твитер“ се огласи играчот на англискиот нисколигаш Порт Вејл, Том Поуп.
Поуп на својот профил напиша дека би можел да постигне 40 гола во една сезона ако во секој меч се соочува со Џон Стоунс, дефанзивецот на Манчестер сити. Е, па 35-годишниот Поуп доби таква прилика денес, а ветувањето го исполни.
„Штотоку го гледав мечот Англија – Холандија. Знам дека сум третолигаш, знам дека тој игра за Англија, знам и дека зема неделна плата од 150.000 фунти, знам дека е милионпати подобар играч од мене но, би сакал да играм против Џон Стоунс секој викенд. Би давал по 40 гола во сезона“, напиша Поуп пред шест месеци.
Сити го елиминираше Порт Вејл по триумфот од 4-1, а токму Поуп беше стрелец на единствениот гол на гостите. Само што искусниот напаѓач не реализираше при дуел со Стоунс, туку искористи ситуација да го надмудри младиот Харвуд-Белис.
Како и да е, Поуп ги дочека петте минути слава, моментално е хит на Островот и речиси на секоја насловна страна на спортските медиуми.
https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1213523805013983232