Благодарение на победата на Брајтон на гостувањето кај Манчестер јунајтед, искусниот фудбалер за врска Џејмс Милнер постави еден премиерлигашки рекорд. Милнер стана првиот фудбалер во историјата кој на гостување на „Олд Трафорд“ победил со четири различни екипи.
Милнер во сезоната 2009/2010 како играч на Астон вила победи на „Олд Трафорд“, тоа го направи и во 2011/2012 во дресот на Манчестер сити, па во сезоната 2021/2022 со Ливерпул и сега како член на Брајтон.
Севкупно, Милнер има дури 11 победи во кариерата против Црвените ѓаволи, што исто така е рекорд на Премиер лигата.