18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ветеранот не мирува, нов црвен картон за Пепе во големо португалско дерби (Видео)

Спортинг Лисабон ја поведе трката за титула во Португалија, откако вечерва дома го победи Порто со 2-0. После 14 кола, Лавовите имаат еден бод повеќе од градскиот ривал Бенфика, а три повеќе од Порто.

Клучен момент беше исклучувањето на 40-годишниот Пепе при резултат 1-0 во 51-ва минута. Судијата гледаше снимка и процени дека ветеранот треба да биде исклучен.

Ако ги прашате фановите на Порто, Пепе не заслужи предвреме да биде испратен во соблекувална.

Погледнете за што беше исклучен ветеранот:

- Оглас -

Најнови вести