Ветерот може да одлучи кој ќе биде на пол позицијата во Австрија (Видео)

Временските услови често знаеле да имаат влијание на формула 1 трките. Тоа најчесто бил дождот, но овојпат пред квалификациите за Големата награда на Австрија, проблем може да создаде ветерот. На вчерашниот тренинг на патеката дуваше силен ветер, а тоа направи да има и неочекувани излетувања.

Макс Верстапен не можеше да го контролира болидот и излета, а истото му се случи и на Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел за малку избегна слична судбина.

„Во сите кругови кои ги возев, се жалев на ветерот. Беше зезнато, на некои места губев контрола над болидот. Оваа година автомобилите се поосетливи на ветер“, објасни Верстапен кој го оштети задниот страничен дел од својот билид, а за главен виновник за неговото излетување го посочи ветерот.

https://twitter.com/F1/status/1144601167835607040

За разлика од Верстапен, Ботас го оштети предниот дел од десното тркало, но најважно е што двајцата возачи поминаа без повреди.

https://twitter.com/F1/status/1144603437415436288

Фетел во последен момент успеа да го исконтролира својот болид да не заврши во заштитната ограда и така остана неоштетен.

https://twitter.com/F1/status/1144712323388465152

Трказа за пол позицијата ќе биде денеска во 15 часот. Прв фаворит е Хамилтон со коефициент 1,65, а потоа следуваат Ботас (2,75), Фетел (6,50), Леклер (7,50 коефициент). Целата понуда за Ф1 квалификациите во Австрија може да ја погледнете на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести