Ветувањето на Холанѓанецот важи: Ако Аталанта биде европски првак, ќе чести 1.000 пици

Аталанта ја има најуспешната сезона во клупската историја, а вечерва пред тимот од Бергамо е огромен предизвик, дуел со Пари Сен Жермен во четвртфиналето во Лигата на шампионите. И во Аталанта на почетокот на сезоната никој не веруваше дека може толку далеку да стигнат. Сега никој не може да ја отпише Божицата, а играчот Мартен де Рон даде интересно ветување, вели дека идејата уште важи.

„Ако Аталанта го освои европскиот трофеј, ќе направам пици за повеќе од 1.000 луѓе“, вети 29-годишниот Де Рон.

ПСЖ е фаворит, но ако Аталанта помине во полуфиналето и евентуално на крајот го крене трофејот во ЛШ, Де Рон ќе треба да нахрани еден не баш мал дел од навивачите во Бергамо.

„Како што кажав, ако ја освоиме ЛШ, ќе има пица за повеќе од илјада навивачи. Ако загубиме, ветувањето ќе се префрли за следната сезона“, рече Де Рон, според кого многу е полесно да се игра само еден меч, отколку два против силен тим како ПСЖ и затоа верува во успех.

- Оглас -

Најнови вести