20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Пред ждребот за баражот ветуваше дека ќе играат на Мундијалот, сега чека чудо од Македонија

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош по поразот од Србија, кажа дека неговата селекција со сигурност ќе игра на СП.

Но, како тоа се промени по денешниот бараж.

Сантош иако не изјави, потајно се надева на чудо од Македонија и евентуално исфрлање на фаворитот Италија.

„Далеку е натпреварот со Италија, а можеби и против Македонија. Нема никаква потреба да збориме за евентуално финале, бидејќи треба да ја поминеме Турција.

Турците некогаш знаат да одиграат фантастично како тим, но некогаш знаат и да потфрлат“ изјави Сантош.

Овие две селекции ќе играат во истиот термин, како и мечот на нашата селекција против Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести