Лејтон Бејнс ретко игра во последно време, но повторно покажа дека е мајстор за убави голови и вечерва со супер проектил на дуелот од Лига купот во Англија меѓу Евертон и Лестер.
Во судиското продолжение бекот на Евертон ја скина пајажината на голот на одличниот Каспер Шмајхел и го одведе мечот на пенали. Со тој гол натпреварот на „Гудисон парк“ заврши нерешено 2:2, а Бејнс потоа беше трагичар и не го погоди пеналот во втората серија што одлучи Лестер да оди понатаму.
https://www.youtube.com/watch?v=_IAPnCaF44I
Ветеранот веќе има 35 години и во последно време се мачеше со повреди, па најчесто и не играше или беше резерва. Познати се неговите ремек-дела и головите од слободен удар, а пред десеттина години Лејтон беше еден од најдобрите изведувачи на прекини на планетата.