Ви подготвивме вистински предизвик – Одиме од дерби на дерби во 18-тото коло на Спортска прогноза

Вистински предизвик е да се учествува во 18-тото коло на Спортската прогноза, а за Вас подготвивме цела низа дерби-натпревари во стандардната програма од 13+2 двојки.

Во сабота на менито се пет дуели, од кои два се посебно интересни. Во вечерен термин од 18 часот во Рим, Лацио му е домаќин на Наполи, а половина час подоцна ќе гледаме реприза на ланското финале во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул. Мурињо против Клоп, забревтаните лидери на Англија против тимот што има голем пад во формата, но секогаш е опасен ривал бидејќи има одличен тим.

Недела ќе почне со велшкото дерби во англиската Шампионат лига меѓу Кардиф и Свонси од 13 часот, а како шлаг на тортата за крај е и големото италијанско дерби меѓу Рома и Јувентус, исто така во недела од 20.45 часот.

Во оваа сезона сè уште го чекаме првиот прогнозер што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма и ќе го добие прекрасниот IPhone XS.

Стандардно Sport Life доделува ваучер од 1.000 денари за сите прогнозери што ќе погодат 12 двојки, а ваучер од 500 денари е награда за погодени 11 парови.

Почетокот на 2020 година е интересен за прогнозерите коишто редовно учествуваат во нашата бесплатна игра и бијат битка за подобри позиции во Генералниот пласман. Тука трката е жестока, а, секако, знаете дека за конечниот поредок важат и поените од резервните двојки.

Во моментов има вистинска гужва во горниот дел од табелата, а лидер веќе неколку кола е Христијан Т. со 123 поени, а во Топ-5 разликата е само шест поени.

На крајот од втората сезона на Спортската прогноза токму петтемина најдобропласирани во Генералниот пласман ќе добијат награди. За шампионот е премијата смарт ТВ од 48 инчи, а останатите честворица ќе добијат поени од СЛ маркетот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести