Ви се верува ли дека наскоро ќе полни 40 години? (фото)

Златан Ибрахимовиќ по репрезентативната пауза со Шведска, веднаш се врати во Миланело тренинг-центарот на Росонерите, каде што се подготвува за саботниот дуел против Сампдорија.

Ибрахимовиќ на денешниот тренинг ги покажа своите мускули и навистина делува застрашувачки фактот што во октомври ќе наполни 40 години. На 39 годишна возраст, Златан делува дека е подготвен да игра на врвно ниво уште долго време, што всушност е и неговиот план.

Иако оваа сезона наиде на неколку пречки со повредите, Ибрахимовиќ во повеќе наврати се покажа како клучен играч на Пиоли и Милан, па засега брои 15 гола на исто толку настапи во Серија А, односно 17 во 23 меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести