27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Вида си даде автогол од 20 метри, АЕК дома прими дури три гола од гостите од Андора (Видео)

Во квалификациите од Конференциската лига, АЕК со минимални 4-3 го победи Интер Ескалдес од Андора и ова е големо изненадување, се очекуваше многу поубедлив триумф на Жолто-црните од Атина.

Работите за АЕК одеа според планот до 64-та минута. Резултатот беше 4-0, го мелеа противникот, но тогаш Хрватот Домагој Вида си даде автогол и после оваа несреќна ситуација за АЕК, на терен се сменија нештата. Вида се смешкаше, никој во АЕК не мислеше дека ова е некаква трагедија со оглед на доминацијата и никој претпоставуваше дека може Интер да си замине со минимален пораз.

Грчкиот тим не реализираше пенал при 4-1, и беше жестоко казнет и шокиран, гостите од Андора постигнаа уште два гола и се изборија за нив одлични 3-4.

- Оглас -

Најнови вести