Видал бесен пред Ел Класико, сака да е стартер

Артуро Видал, играчот за врска на Барселона, го напуштил вчерашниот тренинг на тимот откако дознал дека нема да биде во почетниот состав за вечерашното Ел Класико. Чилеанецот бил гневен по одлуката на тренерот Валверде да го задржи на клупата за време на дербито против Реал Мадрид, а најавата е дека пред него шанса ќе добијат Бускетс, Ракитиќ и Де Јонг.

Видал обично останува со останатите првотимци во дополнителниот шутерски тренинг пред секој натпревар, но бидејќи нема да биде во првите 11, одлучил да си замине од тренинг-центарот на Каталонците. Неколку соиграчи имале неуспешен обид да го смират лутиот Видал, кој најверојатно по ова одбивање на Валверде може допонително да притисне за трансфер во зимскиот преоден рок.

Ексфудбалерот на Јувентус и Баерн Минхен сосема оправдано се противи на одлуката на неговиот предводник бидејќи оваа сезона во повеќе наврати се покажа како важен играч за Каталонците во ситуации кога бил стартер, но и кога влегувал во игра од клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести