Видал е уникатен: Освои девет титули во последните 10 сезони со четири различни клубови

Интер од вчера е нов италијански првак, што е прво Скудето за Нераѕурите по пауза од 11 години. Ако Интер чекаше повеќе од една деценија да освои шампионски трофеј, на еден од играчите во сино-црниот дрес тоа му стана навика.

Артуро Видал се израдува на титула и тоа деветти пат во последните 10 години и тоа со четири различни клубови. Низата на Видал започна од 2012 година и тоа додека го носеше дресот на Јувентус. Чилеанецот со Старата дама освои четири титули во низа, а потоа направи трансфер во Баерн Минхен. Со баварскиот гигант ја продолжи низата и освои три титули во Бундеслигата.

Барселона беше следниот клуб на Видал, каде замина во 2018 година и веднаш стана првак на Шпанија. Следната сезона му е единствениот кикс. Само во сезоната 2019/20 Видал не беше првак, затоа што Барселона заврши на второто место.

Пред почетокот на оваа сезона, Видал направи трансфер во Интер и уште во првата сезона повторно се радуваше на Скудетото во Серија А. Едноставно Видал е магнет за титули во домашните првенства.

 

- Оглас -

Најнови вести