Видал „моли“ да потпише за Јувентус, во Sport Life има одличен коефициент за такво нешто

Артуро Видал денеска се појави на тестирањето што го организираше Барселона, како прв чекор за старт на подготовките за новата сезона. Чилеанецот дојде на собирот, но многу е очигледно дека тој нема да биде во тимот за новата сезона.

Новиот тренер на каталонскиот гигант Роналд Куман најави дека Видал не го планира во тимот и тој треба да си замине. По заминувањето од тестирањето во Барселона, Видал даде интересна изјава во која тој како самиот да се нуди да замине во Јувентус. Играчот за врска го испофали новиот тренер на Старата дама, Адреа Пирло и очекува да се врати во редовите на клубот во кои играше во периодот од 2011 до 2015 година.

„Спектакуларно е што Пирло стана тренер на Јувентус. Беше неверојатен како играч, а замислете тек каков тренер ќе биде. Тој има неверојатна визија за фудбалот, а таквите луѓе се малку. Затоа мислам дека ќе има одлична кариера како тренер“, рече Видал за Пирло со кого беа соиграчи во Јувентус.

„Со Пирло игравме заедно четири години и освоивме четири Скудета. Прекрасно е да се игра со таков фудбалер. Ако ме повика да дојдам во Јувентус, тогаш навистина ќе бидам среќен“, додаде Видал во изјавата која може да се протолкува дека самиот се нуди да се врати во гигантот од Торино.

Во Sport Life има одлична понуда според која може да се обложите во кои тим ќе игра Видал во новата сезона. За Видал да заигра во Јувентус во новата сезона, коефициентот е 3.50.

 

- Оглас -

Најнови вести