25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Видал му се нуди на Пешиќ да го земе во кошаркарскиот тим на Барса (Видео)

Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал, сега со домашниот карантин има повеќе време и за нефудбалски активности, како што е играњето кошарка. Чилеанецот во својот двор има кош, па сакаше на своите следбеници на Инстаграм да им покаже дека го бива и за спортот со портокаловата топка.

Тој во релаксирано издание и со папучи на нозете, постигна една „тројка“, се пофали дека има „мека рака“, и испрати порака до тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Светислав Пешиќ дека може да смета на него, ако има потреба.

- Оглас -

Најнови вести