Винусиус џуниор е стрелец на водечкиот гол на Ел Класико, а Реал Мадрид има предност од 1:0 на 15 минути до крајот на дербито во Шпанија.
Најмладиот играч на теренот одлично го искористи пасот на Тони Крос и погоди откосо во 71-вата минута. Малку претходно од игра излезе Артуро Видал, веројатно и најборбениот играч на мечот, што се покажа како хендикеп за Барселона.
https://www.dailymotion.com/video/x7segxr
Интересен беше моментот од 56-тата минута, кога Видал не успеа да го задржи Иско, па се обиде со раце да го сопре играчот од средниот ред на Реал Мадрид.