Видал: Треба да играме помалку средби, ние играчите сме робови

Во последнава година голем број на фудбалери појавија проблеми со срцето, а секако тука се мисли и на Кристијан Ериксен кој што по страшните глетки на ЕП 2020, успеа да се врати на терените.

Еден од последните фудбалери кои што побараа намалување на бројот на средбите е играчот на Интер, Артуро Видал.

„Фудбалот треба да биде славење, а не како што е денес каде што ние како играчи сме робови. Намалете го бројот на фудбалски натпревари во сезоната“ изјави Видал.

Чилеанецот е на излезни врати од Интер и неизвесно е каде ќе ја продолжи својата богата кариера. Во минатото играше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона како и Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести