Никола Митревски бранеше одлично на гостувањето против Бидасоа Ирун, иако Еурофарм Работник загуби со 25:26, а една од неговите одбрани, брилијантна во кунг-фу стил е прогласена за најдобра во третото коло во Лигата на шампионите.
Во иста акција двапати му ги бранеше ударите на Родриго Салинас, а вториот шут го фати на уникатен начин, ретко виден досега на ракометните терени.
Погледнете ја ОВДЕ феноменалната реакција на Митревски во дуелот со репрезентативецот на Чиле.