(Видео) Епска утка во Грција, како успеа да промаши ваков зицер?

Матијас Кастро имаше епска утка на второлигашки меч во Грција, а неговиот тим претрпе пораз, па Аргентинецот е вистински трагичар.

При резултат 1:1 на дуелот со Ерготелис, напаѓачот на домашниот тим Јоникос утна нешто што е тешко да се помисли да се промаши откако не успеа да ја смести топката во празната мрежа само од еден метар.

Superleague 2 Greece: Matías Castro (Ionikos) misses a wide open goal from soccer

Катстро е прв стрелец во Втората грчка лига со 7 погодоци, но денеска се посрамоти. Неговиот тим потоа загуби со 2:3 и му дозволи на ривалот Ерготелис да се пробие до првото место, иако со победа лидер ќе беше токму Јоникос.

Кастро има интересна приказна бидејќи има аргентиски пасош, но по потекло е од Чиле, а се наметна со голови и со добри игри за европски трансфер во уругвајскиот клуб Данубио, кој е четирикратен првак на оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести