Урош Матиќ е херојот на АПОЕЛ, а несудениот македонски репрезентативец со еврогол во 68-мата минута ја запечати победата на кипарскиот првак од 2:0 на гостувањето кај Карабах, што беше доволно за пласман во финалето во квалификациите за Лигата на шампионите.
Матиќ доби македонско државјанство, но потоа работата се изјалови и нема настап за нашата репрезентација. Помладиот брат на Немања Матиќ вечерва блескаше, а АПОЕЛ ја анулираше негативата од 1:2 од првиот меч во Никозија и ќе игра двомеч за пласман во Лигата на шампионите.
https://www.youtube.com/watch?v=kYsufA35Sr4