Карлос Маседо предизвика вистински хаос на мечот меѓу Ешторил и втората екипа на Порто на меч од Втората португалска лига со одлука да досуди чуден пенал за домаќините во 97-мата минута од мечот.
Веднаш по досудениот пенал што го реализира Андре Кловис за конечни 1:1 гостите тргнаа во атак на судијата, па имаше и црвени картони.
Интересно е што мечот беше продолжен за пет минути, а пеналот беше досуден во седмата минута од судиското продолжение и е еден од најчудните во последно време.
Гостите водеа од 39-тата минута, но не победија со примен гол во 110-тата минута.
Погледнете го пеналот што 34-годишниот судија Карлос Маседо го досуди за Ешторил.
Estoril 1-1 Porto II | André Clovis 100′ | Wrongly scored penalty led to a riot in the last minutes. from soccer