Видео кое го вклучи алармот во ПСЖ

Со доаѓањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен, речиси секој момент од тренинзите и мечевите на Светците се следи со посебно внимание. По доаѓањето на Меси во Париз, најголема дилема е дали во клубот ќе остане Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец има договор до следната година, а најави дека не планира да го продолжи.

Тоа значи дека ако Мбапе планира да си оди, клубот треба летово да го продаде за да добие пари од трансферот. На еден од последните тренинзи, Мбапе беше забележан како целосно сам, дистанциран од останатите играчи, влегува на теренот.

Овој момент беше доволен за да започнат шпекулациите дека Мбапе веќе решил да си замине од ПСЖ, а до крајот на летниот преоден рок остануваат уште неколку дена да видиме дали ќе бидеме сведоци на уште еден сензационален трансфер ова лето.

https://streamable.com/9y7i0f

 

- Оглас -

Најнови вести