Видео кое ја расплака половина Италија (Видео)

Марко Барбиери е 56-годишен Италијанец, кој порано десет години има работено во фудбалскиот клуб Рома како продавач на билети и главен на редарската служба. Тој се зарази од коронавирусот, цели 42 дена лежеше во болница, и откако оздраве, се врати дома. Моментот на враќање беше снимен, а прегрнувањето со неговата сопруга Тицијана, и особено ќерката Клариса, на кои подоцна им се придружи и синот Мирко, беше многу емотивен и расплака многумина.

Оваа снимка е порака дека надежта не треба да се загуби, и дека треба да се ужива во среќните моменти. Марко сега работи како таксист, а порано бил и во тренерскиот тим на Рома, има работено со Даниеле Де Роси и Марко Дел Векио. Во 2001 година, кога Рома ја освои титулата, Марко беше прв човек кој влезе на терен и прв титулата ја прослави со Франческо Тоти.

Многу членови на Рома му испраќаа пораки на поддршка, а Марко се покажа како вистински римски гладијатор, кој со помош и на респиратор ја доби борбата со непријатната болест.

- Оглас -

Најнови вести