Едно видео од враќањето на Карим Бензема во француската репрезентација потврдува зошто Уго Љорис и Антоан Гризман се спомнуваат како најголеми противници на појавувањето на Бензема, наводно и главни виновници кои го убедиле селекторот Дидие Дешан дека на СП во Катар не му треба освојувачот на Златната топка.
Голманот Љорис е капитен, Гризман е важна алка во тимот на Дешан кој ги поврзува средниот ред и нападот. Од друга страна, Оливие Жиру, кој имаше несогласување со Бензема откако Карим го навреди Жиру дека е картинг, а тој бил Ферари, немал ништо против Бензема да биде дел од селекцијата.
Пред неколку месеци Бензема се појави во тимот, а додека Дешан држеше говор и му честиташе на Карим за титулата во Лигата на шампионите и следуваше аплауз, изразот на лицето на Љорис и односот на Гризман, кој аплаудира само кратко, кажува многу.
https://twitter.com/i/status/1604955437761269760