Џордан Ају е вистински трагичар на Кристал Палас, а ја утна шансата на мечот против Манчестер јунајтед во 75. минута и само 120 секунди потоа немоќно го следеше победничкиот гол на Фред за домаќините.
Напаѓачот на Кристал Палас беше сам пред голот на Манчестер јунајтед во зицер ситуација за да им донесе предност на гостите од 1:0, но на неверојатен начин успеа да промаши.
Потоа во 77. минута Фред со еврогол му донесе победа на фаворитот и го спаси дебито на Ралф Рангник на клупата на 20-кратниот англиски првак.

