(Видео) Салах брзо застана на нозе – Без проблем го напушти „Сент Џејмс Парк“

Страшно на прв поглед изгледаше повредата на Мохамед Салах, по судирот со голманот на Њукасл Мартин Дубравка, но подоцна вестите што стасаа од таборот на моментниот лидер се охрабрувачки.

Оптмизмот е поткрепен и со видеоматеријалот што потврдува дека Салах нема сериозна повреда. Сам без проблем го напушти „Сент Џејмс Парк“ по победата на Ливерпул со 3:2 против Њукасл.

Беше бурно поздравен од навивачите на лидерот во Премиерлигата, а според сите најави ќе биде подготвен за настап против Барселона во реванш полуфиналето во Лигата на шампионите.

Погледнете го видеото што е охрабрувачко за сите симпатизери на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести