Јирген Клоп бараше уште голови против декласираната Аталанта, протестираше и при 5:0 за Ливерпул во Бергамо и наместо очекуваниот пенал, доби жолт картон од судијата.
Ситуацијата е чудна бидејќи мечот беше оддамна решен и во тој момент во 74-тата минута веќе беше јасно дека прекланскиот европски првак убедливо ќе го добие мечот.
https://twitter.com/btsportfootball/status/1323770278288175106?s=20
Сепак, Германец си е Германец, си ја бараше правдата и проверка на ВАР за сомнителниот момент, па очекуваше пенал, а доби жолт картон.