(Видео) Што ќе кажеше ВАР за голот на Партизан?

Партизан го победи Напредак со 2-1 со пресврт и со гол во 93-тата минута, но сè уште постои дилема дали по ударот со глава на Александар Шчекиќ топката ја мина гол-линијата.

Шчекиќ беше побрз од судијата и постигна гол пред да биде означен крај на натпреварот, а ќе беше интересно да имаше ВАР-систем во српското првенство. Модерната технологија сигурно ќе ги решеше сите дилеми и дали Партизан победи со регуларен гол, односно дали Напредак е оштетен и поразен со нерегуларен гол.

Вака, од приложеното видео тешко може да се процени, но интересно е да се погледне од два различни агли ударот на Шчекиќ со глава што му ги донесе бодовите на српскиот гигант против гостинот од Крушевац.

https://www.youtube.com/watch?v=jbgcNmyxQag

 

 

- Оглас -

Најнови вести