Жоао Феликс е еден од најголемите таленти во Европа, велат дека вреди 100 милиони евра, а за него се интересираат европските гиганти и веројатно ќе си замине од Лисабон уште летово.
Дотогаш ќе игра за Бенфика, а неговата приказна е интересна. Постигна четири гола на последните два меча, три против Ајнтрахт и еден со Сетубал, а на двата меча неговиот брат Уго му ги додаваше топките. Уго е член на Бенфика во помладите категории и честопати е во улогата на таканаречените „болбој“, или деца што ги враќаат топките кога тие ќе завршат во аут или гол-аут.
Засега братската врска функционира беспрекорно – кога Уго додава, Феликс погодува за Бенфика.
https://twitter.com/SkyFootball/status/1118060842518548480