Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со својата поддршка за развој на македонскиот спорт. Како општествено одговорна компанија, со договор за донација ја поддржуваме КФСМ и во следните планирани активности.
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш гласно и без задршка, застана на линијата за промовирање и поддржување на спортот. Со договор за донација, ги поддржуваме следните планирани активности на КФСМ.
Претседателот и секретарот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски изразија благодарност до Видеолотарија за поддршката на активностите кои ги планираат во текот на следниот период.
„Во текот на летото ќе учествуваме на четири младински европски првенства. Покрај тоа, ќе бидеме и домаќини на две од првенствата. Во текот на јули, на гости во Скопје, ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари, во коорганизација со ФИБА“, изјави Владимир Георгиевски, секретарот на КФСМ.
За добри услови и резултати, неопходни се финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и уште еднаш би сакал да изразам благодарност до нив, изјави Перо Антиќ на прес-конференцијата.
Видеолотарија и во иднина ќе остане посветена на заложбите за развој на македонскиот спорт.
#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ