Видеолотарија Касинос Австрија поддржувач на македонскиот фудбал

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија секогаш ги препознава можностите и иницијативите за негување на спортскиот дух.  Во таа насока е и најновата спортска соработка со македонскиот фудбалски шампион Шкупи. 

„Видеолотарија во своите заложби за поддршка на спортската култура продолжува со својата агенда за активна вклученост во развојот на бројни активности и настани, кои ќе го слават спортскиот напредок и успех. Нашата компанија е нов пријател/поддржувач на македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкупи, во нивните настапи во квалификациите за ЛШ и следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот на Шкупи, кој има ново спортско патешествие со Линколн Ред Импс во рамките на  квалификациите од Лигата на шампионите, победи со 3-0 и изрази благодарност до Видеолотарија за препознавањето и поддршката во нивните спортски амбиции.

Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал“, велат од компанијата.

- Оглас -

Најнови вести