Во Sport Life во струмичко Муртино, во саботата е уплатен тикет со вкупна квота од дури 8.806, и тикетот е добитен. Уплатата од само 30 денари е претворена во супер бруто добивка од над 264 илјади денари.
Во Муртино често се случува да има богати добитни тикети, очигледно има експерти за обложување. Секако потребна е и среќа, а ја имаше овој играч.
На мечот Вулверхемптон – Борнмут, потребно било гостите да водат на полувреме и да победат на крај, а да паднат 2-4 гола. До 90-та минута беше 1-0 за Црешите, гол постигнат во прво полувреме, и потребен беше уште еден погодок. Вториот гол падна во 91-ва минута. Потоа и другите резултати излегоа како што предвидел играчот од Муртино, па стана побогат за околу 3.600 евра.

Во скопски Мичурин, играта да паднат 1-3 гола во двете полувремиња, му донесе огромна заработка на обложувач кој вложил 50 денари.
Одиграни се 13 меча на тикетот, кај сите е истата игра во кои се вклучени истите бројки 1 и 3 како кај 13-ката, и очигледно тоа се покажа како среќна и добитна комбинација. Точно се погодени исходите, секаде имаше од еден до три гола во двете полувремиња за заслужена добивка од над 3.000 евра.


