9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

„Видовит“ експерт од Муртино имал најјак добитен тикет викендов

Во Sport Life во струмичко Муртино, во саботата е уплатен тикет со вкупна квота од дури 8.806 и тикетот е добитен. Уплатата само од 30 денари е претворена во супер бруто-добивка од над 264 илјади денари.

Во Муртино често се случува да има богати добитни тикети, очигледно има експерти за обложување. Секако, потребна е и среќа, а таа ја имаше овој играч.

На мечот Вулверхемптон – Борнмут потребно било гостите да водат на полувреме и да победат на крај, а да паднат 2-4 гола. До 90-тата минута беше 1-0 за Црешите, гол постигнат во прво полувреме, и потребен беше уште еден погодок. Вториот гол падна во 91-вата минута. Потоа и другите резултати излегоа како што предвидел играчот од Муртино, па стана побогат за околу 3.600 евра.

Во скопски Мичурин играта да паднат 1-3 гола во двете полувремиња му донесе огромна заработка на обложувач кој вложил 50 денари.

Одиграни се 13 меча на тикетот, кај сите е истата игра во која се вклучени истите бројки 1 и 3 како кај 13-ката, па очигледно тоа се покажа како среќна и добитна комбинација. Точно се погодени исходите, секаде имаше од еден до три гола во двете полувремиња за заслужена добивка од над 3.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести