Шест погодени исходи на мечеви во Лигата на Европа и Конференциската лига му донесоа бруто-добивка од речиси 300.000 денари на обложувач од скопско Шуто Оризари.
Овој играч вчера во објект на Sport Life во популарната Шутка уплатил 200 денари и чекал победи на Панатинаикос, Астон вила, Ференцварош, Порто, Митјиланд и Шахтар. Квотите за победи на овие тимови беа големи, над 2.00, а најголемата е дури 5.65, триумфот на данскиот Митјиланд на гости кај Нотингам форест е големо изненадување.
Митјиланд победничкиот гол ги даде во 80-тата минута за шок на многумина, а за радост во Шуто Оризари. Панатиникос до победата над Бетис дојде во 88-мата минута од пенал, а на Штутгарт при 1-2 му беше поништен гол и тоа биле најкритичните дуели кои можеле тикетот да го направат недобитен.

Играта „еден во еден и три плус голови“ му донесе одлична добивка на обложувач од Валандово. Тој точно погодил каков тек ќе имаат три меча од Лигата на шампионите и уплатата од 500 денари ја претворил во бруто-добивка од над 100 илјади.


