Веста дека раководењето со премиерлигашот Њукасл преоѓа во рацете на група инвеститори од Саудиска Арабија кои се супер богати, најави подобри денови за клубот, низ светот веќе се шпекулира кои играчи би можеле да го облечат црно-белиот дрес, а сега се појави една снимка од јуни, на која Антоан Гриезман како да предвиде што ќе се случува со Чавките.
Додека патуваа на ЕП, Гриезман во авион им се фали на репрезентативните колеги дека на играта „Фудбал менаџер“, со Њукасл освоил пет титули. Гризи му кажа на Мбапе дека го купил во неговиот тим за 134 милиони евра. Ѕвездата на Пари Сен Жермен не беше воодушевен, и одговори: „Не е многу топло таму“.
Студеното време во Њукасл можеби ќе натера некои фудбалери во реалноста да одбијат богата понуда од Њукасл, но на многумина нема да им биде ладно и ќе ги грее љубовта кон парите. Њукасл уште во јануарскиот преоден рок планира да потроши 200 милиони фунти за засилувања.
Antoine Griezmann tells Kylian Mbappé that he bought him for €134m on Football Manager as Newcastle United – Mbappé: “Where? It is not very warm there eh.” pic.twitter.com/5cGzqntfBg
— Get French Football News (@GFFN) June 7, 2021