Еден од најинтересните натпревари од денешната програма во квалификациите за пласман на Светското првенство е оној во Виена, каде што Австрија и Босна и Херцеговина во директен дуел ќе одлучуваат за место на Мундијалот.
На домашните доволен им е и бод, додека гостите мора да победат. Стадионот „Ернст Хапел“ е распродаден, а Босанците најавуваат дека на трибините ќе биде како да играат на домашен терен.
Доказ за тоа е и видеото на кое се гледа дека собирот на босанските навивачи започна уште синоќа во централниот дел на Виена, а поддржувачите на Босна и Херцеговина пристигнуваат во главниот град на Австрија од сите делови на Европа.

