Националниот тим на Босна и Херцеговина го претрпе првиот пораз со Роберт Просинечки како селектор на пријателската против Шпанија. Им заврши серијата од девет средби по ред без да ја почувствуваат горчината на поразот, но и да останеа непоразени, Босанците ќе се изедначеа со една репрезентација која има подолга позитивна серија. Станува збор за Виетнам.
Виетнамците воопшто не се некоја велесила во светски, па дури ни во азиски рамки, но може да се пофалат дека во моментов имаат серија од 10 меча без пораз и со тоа се единствени на светот.
Последниот пораз на Виетнам датира од трети декември 2016 година, кога загуби со 1-2 од Индонезија. Оттогаш, Виетнам одигра 10 меча и никогаш не загуби (по пет победи и ремија). Играа против Индонезија, Тајван, Авганистан (двапати), Јордан (двапати), Камбоџа (двапати), Лаос и Малезија. Виетнам настапува на Сузуки купот, засега ги победи Лаос и Малезија, а наредни ривали му се Мјанмар и Камбоџа, па триумфалната серија може да потрае.
Во јануари имаат мечеви од квалификациите за Азиското првенство, во група се со Ирак, Иран и Јемен, и тогаш се поголеми шансите да претрпат пораз.