Виган е на прагот да оствари историска победа и најголема во клупската историја на домашен терен, бидејќи има водство од неверојатни 7-0 по само 45 минути игра во дуелот против Хал сити кој се игра во рамки од 44-тото коло во Шампионат лигата.
Најубедливата победа Виган ја запиша против Стоук од 6-1 во ноември 2001 година, рекордот е урнат уште во пврото полувреме и останува да се види каков ќе биде крајниот резултат.
Голеадата почна од Нејсмит во втората минута, по два гола реализираа Мур и Доуел, додека до паузата мрежата на Хал ја тресеа уште Лоу и Вилијамс.
Дуелот на некогашните премиерлигаши може да биде кобен за гостите кои се борат за опстанок во Шампионат лигата, а по овој пораз последните две кола ќе ги дочекаат во црвената зона со 45 бода.