Викенд без изненадувања значи топ добивки во Sport Life

Топ тикетот во Sport Life за изминатиот викенд му припаѓа на обложувач од Тетово, кој со влог од само 200 денари, си ги разубави првите денови од Новата 2021 година со убава добивка од 83.104 денари.

Обложувачот посегна по фаворитите од топ 5 лигите во Европа, а тие не го разочараа. Почнувајќи од триумфот на Манчестер јунајтед во петокот навечер, сите гиганти издвоија резултати во своја корист, за вчера навечер да се чекаат уште победите на Барселона и Јувентус.

Каталонците минимално триумфираа кај Уеска со 1-0, додека Бјанконерите немаа милост против Удинезе и славеа со 4-1. Типувањето против Езѓан Алиоски и Лидс исто така се покажа како вистински потег, Тотенхем славеше со 3-0 за погодена квота 2.08, најголема на тикетот од 12 пара.

ВО ЕДНОСТАВНОСТА Е УБАВИНАТА

Ова е тикет „да се биде или не“. Без многу шаренила, туку само обични фиксови, поточно 13 на тикетот кој донесе добивка од 79.739 денари на обложувач во Чаир, Скопје.

Влогот од 100 денари беше и повеќе од доволен за чистите победи на Тотенхем, Арсенал, Норвич, Рајо Валјекано, Лајпциг, Дортмунд, Милан, Јувентус, Аталанта, Рома, ХСВ, Херта и Хановер.

Ова е доказ дека во едноставноста е убавината, иако дефинитивно нервозата е поинтензивна со оглед на бројот на одиграни парови, а само така се потврдува мајсторството во обложување.

И ВО СОН МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ

НБА-лигата е меѓу најпривлечните игри за обложување во Sport Life и е ретка опција за заработка преку ноќ. Обложувачот од Бутел си ги познава кошаркарите, добро ги анализирал нивните учиноци на почетокот од сезоната 2020/21, па затоа и влогот од 100 денари му донесе новогодишно пакетче во вид на 52.290 денари.

Успешно ги издвои 10-темина кошаркари од богатата понуда која за ноќта меѓу сабота и недела имаше над 50 играчи за типување. Меѓу нив, ѕвездите како Дурант, Ирвинг, Ленард, Тејтум и Бил беа спојката за добитна комбинација.

Кој вели дека во сон не може да се заработи?

- Оглас -

Најнови вести