На половина од рокот за типување за новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе се наѕира дека има голема поделеност кај играчите, кај ниту едно од неколкуте дербија нема јасен фаворит на мнозинството.
За Лацио – Наполи засега најмногу прогнозери типувале на нерешено, најголема е поделеноста кај Баер Леверкузен – Баерн Минхен, каде што 29 отсто се за победа на домашните, 34 отсто за триумф на гостите, а 37 проценти за нерешено.
Предност му се дава на Тотенхем против Манчестер јунајтед и за кец на Петлите од Лондон процентот е помал од 50 отсто. За големото италијанско дерби Јувентус – Интер речиси половина сметаат дека ќе биде нерешено, а речиси двојно повеќе прогнози има за двојка на Интер отколку за победа на Старата дама.
Најголем фаворит е Вест хем против Брентфорд, 78 отсто прогнозери сметаат дека во ова мало лондонско дерби ќе слават Чеканите.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.