Викенд за надеж во Шкотска – Ќе бидат малку, но за почеток е одлично

Шкотите ќе можат да присуствуваат на фудбалските мечеви од сабота, 12 септември, во ограничен број и само на два меча, но и тоа е охрабрувачки потег на Владата на оваа земја, која дозволи да почне пилот-проектот за комплетен камбек на навивачите на трибините.

Сефте, по повеќе од половина година пауза ќе грмне песна од трибините во познатиот шкотски амбиент на два стадиони и на дуелите меѓу Абердин и Килмарнок и Рос Каунти против Селтик.

За почеток дозволено е да присуствуваат по 300 навивачи на двата меча, што е малку, но дава надеж дека работите почнуваат да се нормализираат и дека наскоро трибините во Шкотска ќе бидат полни, како што е вообичаено за фудбалските земји на Островот.

И Абердин и Рос каунти објавија дека поради ограничен број гледачи, предност за билети ќе имаат симпатизерите на двата тима што имаат сезонски карти.

Двата дуели ќе се играат во сабота, од 16 часот, во рамките на седмото коло во новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести