Викендашки тикет во Прилеп донесе супер добивка од 8.000 евра

Новата работна недела за обложувач на Sport Life од Прилеп не можеше да почне подобро откако неговиот тикет составен од 17 парови и влог од 500 денари му донесе супер добивка од малку повеќе од 8.000 евра, поточно 496.968 денари, од кои дури 161.178 денари се бонус.

Со конечни типови „кец“ и двојка“, почнувајќи од петок до вчера, прилепчанецот треба да му се заблагодари на Ерлинг Халанд. Норвешката гол-машина во петокот ја донесе победата за Дортмунд од 3-2 над Хофенхајм со клучен погодок во судиското надополнување, па иако првиот меч ги тестираше нервите на обложувачот, потоа сите натпревари ги остваруваа посакуваните резултати.

Со вчерашните победи на Барселона против Хетафе од 2-1, односно гостинскиот триумф на Наполи против Џенова со идентичен резултат, можеше да почне прославата за големата добивка.

РЕТКО ВИДЕНА ВИЗИЈА, КАКО ДА ЗНАЕШЕ ДЕКА САМО МИЛАН ЌЕ „ГАЗИ“ ОД ПРВАТА МИНУТА

Тетовчанец се покажа како визионер кога станува збор за погодување исходи на полувреме и крај откако погоди четири парови дека по 45 минути, резултатите ќе бидат егал, а на крајот ќе победат фаворитите, притоа само Милан го типуваше со сигурен триумф. Влогот од само 100 денари му донесе речиси 1.500 евра добивка, поточно 88.944 денари.

Росонерите ја завршија работата против Калјари со четири гола во првото полувреме за крајниот резултат од 4-1 да биде повеќе од доволен. Иксови на полувреме изборија Манчестер јунајтед, Рома, Лил и Генк, па на крајот овие екипи се радуваа на три бода.

Генк и Јунајтед ги тестираа нервите на обложувачот од Тетово. Во белгиското дерби Генк до победата стигна во 87-мата минута со голот на Угбо, додека Гринвуд при влезот во завршните 10 минути на гостувањето кај Вулвс ги израдува Ѓаволите за минимален триумф од 1-0.

БОНУСОТ „ЛЕТО НА 500%“ ДОНЕСЕ ЖЕШКА ДОБИВКА ВО ГОСТИВАР

Гостиварец го искористи прекрасниот бонус на Sport Life и си доби значително поголема добивка, вкупно 277.894 денари, од кои 108.446 денари донесе „Лето на 500% степени“.

За 15-те погодени парови, обложувачот вложи 300 денари, сите натпревари се одиграа во петокот, во кои на 13 од нив чекаше два, односно три или повеќе погодоци.

Иако на сличен начин можеше да ги типува и Валенсија и Дортмунд, бидејќи славеа победи од 3-0 над Алавес, односно 3-2 над Хофенхајм, на тие мечеви ги чекаше конечните исходи, поточно победи на домашните екипи.

- Оглас -

Најнови вести