3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Викендот донесе големи добивки ширум Македонија, „Среќната 13-ка“ има нов лидер (Фото)

Викендот кој измина навистина беше поволен за играчите на Sport Life, а ова посебно се однесува на неделата, кога ширум Македонија беа погодени неколку одлични тикети, кои со минимален влог донесоа големи добивки. Во продолжение издвојуваме само три од нив.

НОВИОТ ЛИДЕР НА СРЕЌА 13-КА СО 50 ДЕНАРИ СИ ДОБИ ШЕСТЦИФРЕНА СУМА

Среќната 13-ка има нов лидер кој доаѓа од Гостивар, а изминатиот викенд успеа да погоди вкупна квота од 2.461,34. Сите 13 натпревари беа од недела и имаше вистински микс од игри, кои на крајот се покажаа како добитна комбинација.

Тринаесетте натпревари со квоти помеѓу 1.45 и 2.30 беа уплатени само за 50 денари, а добивката на крајот изнесуваше 104.614 денари.

ПОГОДИ 15 НАТПРЕВАРИ И ДОБИ над 200.000 ДЕНАРИ

Голема добивка викендов имаше и во скопско Ново Лисиче, каде што беа погодени 15 натпревари и со уплата само од 100 денари, играчот си доби нето-добивка од 201.911 денари.

Вистинска мајсторија да се погодат десет конечни типа и пет натпревари на микс игри, кои на крајот заслужено донесоа радост во Ново Лисиче.

ВО ПЕХЧЕВО СО УПЛАТА ОД ПОЛА ЕВРО СИ ДОБИ 1.300 ЕВРА

Редовен играч на Sport Life од Пехчево со уплата само од 30 денари успеа да дојде до добивка од нето-сума 78.095 денари. Тој погоди девет натпревари со квоти кои се движеа помеѓу 2.18 и 3.00 и сосема заслужено дојде до добивката од речиси 1.300 евра.

На тикетот беа одиграни седум меча со комбинација од двојна шанса и во двете полувремиња помеѓу еден и три гола, еден меч со комбинација на конечен тип и голови, како и една комбинација од полувреме-крај и голови.

- Оглас -

Најнови вести