Викендите секогаш изобилуваат со големи добивки во Sport Life, па така беше и овојпат, а ние одбравме четири посебно интересни ливчиња. Кумановци составија два одлични тикети кои донесоа вредни добивки.
Првиот е комбинација од фудбалски и кошаркарски средби, а со уплата од 300 денари, добивката изнесува 94.041 денар. Шесте кошарки се погодени на конечен резултат, а се комбинација од НБА и европски дуели.
ЧЕКАШЕ ПЕТ ДЕНА ЗА ТОТЕНХЕМ ДА ПОБЕДИ И МУ СЕ ИСПЛАТЕШЕ
За добивка од речиси 80.000 денари, вредело да се чека скоро цела недела. Тикет уплатен минатиот вторник имаше погодено седум средби кои се играа на 16 ноември, а вчера се чекаше победа на Тотенхем против Лидс.
Лондончани победија со 2:1 и тикетот испадна добитен.
ВЕЛЕШАНЕЦ СО ПОСЕБНА СТРАТЕГИЈА СТИГНА ДО 900 ЕВРА
Тикет уплатен во Велес само со 50 денари е добитен за 56.342 денари. Седум меча се погодени, а шест се фатени на „иста тактика“, а тоа е да има два погодоци во првиот дел.
Така беше на дуелите: Феенорд – Цволе (4:0 полувреме), Сент Труден – Андерлехт (2:0), Ференцварош – Фехевер (2:0), Штурм – ЛАСК Линц (1:3), Гранада – Реал Мадрид (1:2) и Фрајбург – Ајнтрахт (0:2). На мечот Мајнц – Келн е одиграно „икс“ и дуелот заврши 1:1.
ВО БИТОЛА СО ПРОВЕРЕНА ТАКТИКА ЗА ЛОВ НА ВИСОКИ КВОТИ
На тикет на којшто има само три меча, со 500 денари, добивката е над 103.819 денари. Мечевите се од ниските лиги, но најважно е што се добитни. Тактиката е дуелите да бидат гол-гол на крајот, а во првото полувреме да има 3+ голови.
Во регионалната лига на Германија, Чемнистер со 5:1 го победи Аурбах, а на полувреме беше 3:0 за домаќините. Во данската втора лига, Хорсенс со 4:1 победи на гости кај Јамерсбут, а гостите на полувреме водеа со 3:0. За да биде добитна комбинацијата, домаќините дадоа почесен гол во 90-тата минута.
Третиот добитен пар е победата на Лисенг против Карлслунд со 3:1 во четвртата данска лига. Уште на полувреме беше 2:1 за домаќините и беа исполети двата услови за добитен тикет.