Викендов до последна минута не се знаеше дали ќе има 13-ка, веќе може да типувате за новото коло на Спортска прогноза

Десеттото коло на Спортска прогноза донесе многу возбудувања и една дванаесетка, која можеше да биде и 13-ка. Доколку Рома и Наполи, чиј меч заврши 0-1, одиграа нерешено, стружанец ќе беше првиот освојувач на премијата на популарната бесплатна игра која е во својата четврта сезона.

Сега на менито се нови 13 пара од основната понуда и две резерви кои се бројат за генерален пласман.

Типувањето почна сега, а ќе трае до сабота во 14 часот, за кога е закажан почетокот на средбата Алмерија – Селта.

Од саботните пресметки треба да ги погодите исходите и на мечевите Брентфорд – Вулверхемптон, Брајтон – Челзи, Фулам – Евертон, Ајнтрахт Ф. – Дортмунд и Стразбур – Марсеј.

За во недела остануваат Брест – Ремс, Лориен – Ница, Шалке – Фрајбург, Ат.Билбао – Вилјареал, Келн – Хофенхајм и Лион – Лил. Има и еден понеделнички меч, Елче – Хетафе.

Сите 13+2 натпревари се од Топ-5 лигите на Европа, што е познат терен за прогнозерите и се очекува атак на 13-ката.

За погоден максимален број парови, од оваа сезона имате можност сами да си одбрете еден од трите подароци, а изборот е меѓу:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X 

Sport Life и Спорт Манија стандардно ги наградуваат и утките, па со промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за една утка ви следува ваучер од 1.000 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести