Викендов ќе се одржи 56-то издание на традиционалниот Кајак слалом ИКАС

Под генерално покровителство на Министерството за спорт, викендов (12-13 април 2025 година) на патеката „Матка“ ќе се одржи 56-то издание на Илинденски кајак слалом – ИКАС 2025.

Министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес конференција организирана во пресрет на настанот, ги поздрави учесниците и ја потврди заложбата за поддршка на овој спор и на ИКАС како натпреварување со долгогодишна традиција.

Претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Роберт Папазов ги соопшти техничките детали и ги повика љубителите на кајакот в сабота и недела да дојдат на Матка и да бидат дел од ИКАС.

„За мене како поранешен кајакар сега како претседател на Кајкарската федерација на Македонија, организацијата на ИКАС претставува особена чест и одговорност. Благодарение на поддршката од Министерството за спорт ќе ги рализираме сите барања за организацијата на ова традиционално натпреварување. Упатувам благодарност до Министерството за спорт, до Град Скопје и до сите кои го поддржа овој настан и се надевам дека публиката викендов ќе дојде на Матка во голем број да им даде поддршка на кајакарите“, порача Папазов.

Нашиот најдобар кајакар Ангел Петрушев посакувам добра трка и во добро светло да се претстави пред домашната публика.

„Се надевам на добар пласман. Конкуренцијата ќе биде исклучително тешка. Ако не освоиме медал задоволен ќе бидам и со пласман во финалето, што секако ќе биде голем успех за нас“, истакна Петрушев.

На годинешниот ИКАС 2025, кој годинава се бодува за Светската ранг листа на ИЦФ, ќе настапат над 100 натпреварувачи од 10 земји. Во четирите категории во машка и женска конкуренција, Македонија ќе ја претставуваат дваесетина кајакари.

- Оглас -

Најнови вести