Викендов може да го добиеме и првиот шампион во Европа за оваа сезона

Глазгов ренџерс има спектакуларна сезона во шкотското првенство. Клубот кој има неверојатни 54 титули во домашниот шампионат, цели 10 години се нема израдувано на титулата, но сега се гледа крајот на тој пост. По 31 одиграно коло, Ренџерс е убедлив лидер со 85 бода, дури 18 повеќе од вторито Селтик.

Тимот на тренерот Стивен Џерард игра фантастично и е со 27 победи и само четири нерешени, без ниту еден пораз. Таквиот биланс го доведе Ренџерс до позиција уште овој викенд да стигне и официјално до шампионската титула.

В сабота шкотскиот гигант на свој терен го пречекува Сент Мирен и со нови три бода, Ренџерс и математички ќе ја обезбеди титулата, и тоа на шест кола до крајот затоа што има многу подобра гол-разлика од Селтик.

Во Шкотска остануваат да се доиграат уште две кола од регуларниот дел, а потоа ќе се играат уште пет кола во плејофот, односно плејаутот, но факт е дека Ренџерс ги брои деновите до освојување на јубилејната 55-та титула во домашното првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести