Њукасл и Фулам одиграа без голови во мечот од 18-тото коло во англиската Премиер лига. Њукасл беше фаворит против последнопласираниот тим, но не само што не даде гол, туку не упати ниту еден директен прецизен удар во рамките на гостинскиот гол. Статистиката покажува дека Фулам имал два удари во рамките на голот на Њукасл, но тие биле далеку од некаква опасност за погодок.
По завршувањето на средбата, со направена анализа и статистика од страна на стручни лица било констатирано дека Њукасл и Фулам го одиграле најдосадниот меч во топ 5 лигите за оваа сезона. Било пресметано дека на мечот имало коефициент од 0,6 создадени добри шанси за погодок, што е најмала бројка во однос на сите мечеви кои сезонава се одиграа во елитните лиги на Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.
Интересно е тоа што во историјата на Премиер лигата имало уште подосаден меч од овој. Тоа е средбата меѓу Кристал палас и Ватфорд одиграна во март минатата година. Тогаш било пресметано дека за 90 минути двете екипи создале 0,57 добри шанси за погодок.
0.60 – The Premier League meeting between Newcastle United & Fulham yesterday saw a total xG figure of just 0.60; the match with the lowest quality goalscoring chances within the top 5 European leagues so far in 2018-19. Snore. pic.twitter.com/VD97zyJ3uk
— OptaJoe (@OptaJoe) December 23, 2018